Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром денеска промовира два нови играчи.
Станува збор за Марко Миловановиќ (21 год, 196 см) и Марин Петков (20 год, 193 см).
Миловановиќ, доаѓа од Италија, каде што изминативе четири сезони настапуваше за тимот на Јуви од Кремона. Тој и мина сите младински селекции на Македонија, а имаше и повик за настап и во најдобриот состав на жолто-црвените.
Петков, доаѓа од таборот на Феникс. И тој настапуваше за сите македонски младински репрезентации, а летово е на поширокиот список на селекторот на сениорите, Александар Јончевски, за претквалификациите за ЛОИ 2024 во Париз.
„Нивниот ангажман е потврда на заложбите на управата на клубот за подмладување со проверени млади кошаркари, кои веќе покажале доволен квалитет за настап на највисоко ниво, но кои уште повеќе може да се надградуваат и да напредуваат“, се вели во објавата на МЗТ Скопје Аеродром.
Потсетување дека вчера, беше потврден ангажманот на браќата Стојановски и младиот Андоновски за уште една сезона.
Покрај обврските во домашниот шампионат и купот, МЗТ следната сезона ќе игра и во АБА2 лигата.