Ал Хилал беше подготвен да вложи 1.Милијарда евра да го доведе Килијан Мбапе во своите редови, но од тој договор нема ништо.

Како што ексклузивно пренесува Фабрицио Романо, најдобриот „инсахдер“ во светскиот фудбал, Мбапе нема намера да преговара. 

Ал Хилал бил подготвен да му плати на ПСЖ отштета од 300 Милиони евра за трансферот на Мбапе. Самиот фудбалер да му вети плата од неверојатни 700 Милиони евра, доколку се бројат сите бонуси, маркетинг и комерцијални права.

Сепак, 24-годишниот Мбапе не сакаше да ја „убие“ сопствената кариера и да оди далеку од најдобриот клупски фудбал на планетата.

Романо пренесува дека во ПСЖ се убедени дека Мбапе ги договорил условите со Реал Мадрид.