Македонскиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев во новата сезона ќе игра за турскиот клуб Бурса Бкујукшекир Беледије (ББСК).

Оваа информација денеска ја потврдија од клубот, најавувајќи го Македонецот за ново засилување. Ѓорѓи е еден од тројцата странци што ја засилија Бурса за новата сезона, откако во минатата овој клуб заврши како шестопласиран.

Нашиот техничар минатата сезона го носеше дресот на Хатај. Претходно том настапуваше и за екипите на: Марек Унион, Малије Пијанго, Париз Волеј, Алурон Варта, Хебар Пазарџик и Камбрај Волеј.

Ѓорѓи заедно со своите репрезентативни колеги во моментов е во Скопје каде црвено-жолтите ги одработуваат подготоцките за Европското првенство.