Македонската јуниорска репрезентација со убедлив пораз го започна настапот на ЕП за кошаркари до 18 години. Во првиот натпревар од Б дивизијата на првенството во Португалија, македонските јуниори беа надиграни Велика Британија со 68-84.
Британците подобро го отворија натпреварот и уште во првата четвртина која ја добија со (17-9) ја најавија победата. Избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ ја добија втората четвртина (18-17), па на пауза заминаа со 7 негатива (27-34).
Дека нема што да бараат во овој дуел беше јасно во 35-тата минута, кога противникот имаше и 20 поени предноста 36-56. Залудни беа обидите да се намали таа негатива па Британците ја остварија втората своја победа.
Индивидуалниот ефект на речиси 90 примени поени и таква разлика воопшто е не важен.
Утре во рамките од 2.коло на Б групата, Македонија за противник ќе ја има Австрија. Инаку Австријците попладнево го победија Исланд со 82-72 и ја остварија втората победа.
Доколку и утре Австријците ја совладаа нашата селекција, повеќе од сигурно дека Македонија ќе ги загуби шансите за влез во четвртфиналето. Во него ќе играат двете првопласирани репрезентации од групата.