Македонската фудбалска репрезентација, во ЕВРО квалификациите 2024-та против Италија ќе игра во Рим.

Италијанската федерација денеска објави дека дуелот со Македонија ќе се игра на најголемиот стадион „Олимпико“ во Рим.

Ова ќе биде трето гостување на Македонија. На претходните две црвено-жолтите немаат пораз.  Во Торино, со голот на Александар Трајковски одигравме 1-1. Трајковски беше стрелец и на историскиот гол во Палермо  каде црвено-жолтите славеа со 1-0. Тој пораз ја чинеше Италија отсуство од Мундијалот во Катар.

Дали и на третото гостување, сега во Рим, македонските фудбалери ќе го одржат позитивниот исход останува да видиме.

Дуелот против Италија која е актуелен европски првак ќе се игра на 17 ноември.