Европската фудбалска федерација (УЕФА) информира дека дури девет земји покажале интерес за домаќини на финалињата на европските натпреварувања за 2026 и 2027 година. Меѓу главните кандидати за финалните натпревари во Лигата на шампионите се Милан и Будимпешта.

Крајниот рок за поднесување апликации е 21 февруари 2024 година. Како што стојат работите во моментов, финалето на Лигата на шампионите треба да се одигра на „Сан Сиро“ или „Пушкаш Арена„ каде оваа сезона се одржуваше финалето на Лига Европа.

Од друга страна, Германија и Романија изразија желба да бидат домаќини на решавачкиот натпревар од второто најсилно европско натпреварување. Норвешка и Шкотска се желни да бидат домаќини на женското финале од Лигата на шампионите.

Да потсетиме, изминатата сезона во Истанбул, Прага и Будимпешта се одиграа финалињата на трите најголеми европски натпреварувања.