Душан Тадиќ ноќеска со специјален лет слета во Истанбул. Српскиот капитен ќе ги финализира преговорите со вицепрвакот на Турција, Фенербахче.

Според информациите од клубот. Довчерашниот капитен на Ајакс, начелно ја прифатил понудата на Фенербахче, па заедно со менаџерите се во Истанбул.

Денеска ќе седне на маса со челниците на Фенербахче, кои наводно му нудат тригодишен договор вреден шест милиони евра по сезона.

Во текот на вечерта и „инсајдерот“ Фабрицио Романо ја потврди таквата информација. Романо информира дека Ал Калеј од Саудиска Арабија сака да го ангажира Тадиќ. Откако пред два дена стана јасно дека Србинот го напушта Ајакс, повеќе клубови пројавија интерес. Покрај Фенер кој е најконкретен се чини, во редот за Тадиќ застанаа и Бешикташ, Рома и Лацио.

Во Фенербахче очекуваат дека денеска ќе го промовираат Тадиќ како второ големо засилување  летово по Един Џеко.