Македонските надежи ја победија Украина со 66:53 и се пласираа во финалето на ЕП Б дивизија што се игра во Скопје.
По новата реализација на Украина ние повторно погодивме тројка и поведовме со кош разлика. Украина се врати со четири поени во серија и тука застана.
Се до крајот на првата четвртина кога Македонија со одлична одбрана ги затвори сите приоди кон својот кош.
Со серија од (9-0) периодот го завршивме со +7 за (15:8).
Како што го завршивме првиот период така и продолживме во втората четвртина. Со одлична одбрана и успешна реализација на нападите, серијата ја продолживме и на +16 и на семафорот стоеше (22:8).
Потоа во нашата екипа се почуствува мал пад во играта што Украина успешно го искористи за да ја намали разликата.
Гостите со серијата од (2:13) стигнаа и до -3 од нашиот резултат (24:21). Па нашите младинци не дозволија до крајот на полувремето и уште повеќе да ни се доближат.
До крајот на првото полувреме не се случи ништо посебно во тој поглед. Само што разликата ја зголемувавме од мината во минута.
За одбележување со звукот на сирената беше тројката од половина терен на Мемед за конечни 33:25 по првите 20.минути.
Израмнета кошарка се играше во третата четвртина во која и падови и подеми имаа и двете селекции.
Сепак на крајот гостите ја добија минимално со (13:11) и во последните 10.минути од мечот Македонија имаше предност од 44:38.
По неколкуте реализации на двете страни во првите три минути од последната четвртина, ние во следните минути повторно зголеми на двоцифрена разлика (52:42).
Со тројката на Мемед зголемивме и на +12 на нешто повеќе од четири минути до крајот по што украинскиот тренер мораше да побара минута одмор.
Во продолжение Украина немаше сили да го достигне нашиот резултат, разликата растеше во наша полза. На крајот Македонија успеа да стигне до победата вредна финале и пласман во А дивизијата што беше и нашиот првичен план.
Конечно победа за Македонија со 66:53 и утре во големото финале ќе го чекаме победникот од вториот полуфинален меч помеѓу Чешка и Шведска.