Македонската младинска репрезентација денес го одигра последниот натпревар на Европското првенство што се одржува во Романија.
Нашите ракометарки ја победија Хрватска со 26:31 и го освои претпоследното 15-то место на Европското првенство за девојки до 19 години.
Натпреварот стартуваше со серија од 5:1 за репрезентацијата на Македонија. Хрватска се обидуваше да ја намали негативата, но Македонија не дозволи и успешно ја одржуваше предноста. Нашите младинки, во 21-та минута, ја зголемија предноста на 14:7. Македонската репрезентација беше поквалитетна во оваа половина. На полувреме, резултатот беше 18:8 за црвено-жолтите.
Во втората половина Македонија чекор по чекор ја зголемуваа предноста. Хрватска во 44-тата минута успеа да намали на 24:19. Црвено-жолтите успешно ја одржуваа разликата не дозволија Хрватските да ја намалат негативата. Крајниот резултат беше 26:31.
Најефикасна од нашата репрезентација беше Емилијана Ризоска со девет погодоци и 100% реализација , додека Теодора Дукоска имаше постигнато пет гола.