Македонски вице-првак и претставник во квалификациите за Конференциската Лига, тимот на Шкендија својот европски пат го почнува на домашен терен против Хавердфордвест од Велс.
И покрај тоа што Шкендија е во фаза на создавање тим, сепак Тетовчани се во улога на голем фаворит, особено на домашен терен.
Формата на Шкендија е позитивна, ако се земе предвид дека на четири пријателски натпревари, забележаа три победи и еден пораз. За разлика од нив, тимот од Велс имаше лош биланс, од два порази и една победа.
Првиот натпревар меѓу Шкендија и Хавердфордвест ќе се игра вечерва со почеток од 20 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.