На Европското младинско првенство (Б дивизија) за кошаркари до 20 години што се одржува во Скопје, денеска е слободен ден.

Откако вчера беа одиграни последните натпревари во групната фаза, познати се осумте екипи кои ќе играат во четвртфиналето, како и оние кои ќе разигруваат за пласман во долниот дел од конечниот поредок.

Македонската младинска селекција со три победи (Словачка, Бугарија и Ирска) и еден пораз (Чешка) заврши како прво рангирана во А групата.

Со тоа црвено-жолтите ја добија второ пласираната репрезентација од Б конкуренцијата, Велика Британија, за противник во четвртфиналето.

Британците се првиот противник на патот до финалето, кое е цел на Македонија, а кое води во А дивизијата. Победа над Островјаните во полуфиналето би им го донел за противник победникот од дуелот меѓу Холандија и Украина.

Овие натпревари ќе се играат во СЦ „Кале“, додека другите два четвртфинални дуели, кои практично ќе го дадат и вториот полуфинален пар, ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (петок – 14 јуни)
18.30 Македонија – В. Британија СЦ Кале
18.30 Португалија – Чешка СЦ Борис Трајковски
21.00 Холандија – Украина СЦ Кале
21.00 Шведска – Швајцарија СЦ Борис Трајковски
ПОЛУФИНАЛЕ (сабота – 15 јуни)
Македонија / В. Британија – Холандија / Украина
Португалија / Чешка – Шведска / Швајцарија
НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ (недела – 16 јуни)
за 3-то место
финале