Долго Европско лето со желба за европска есен ќе бара и Македонија ЃП. Освојувачот на купот, тимот на Македонија Ѓорче Петров во првото квалификациско коло за пласман во Конференциската лига на УЕФА ќе ги одмери силите со РФС Рига.
За разлика од Шкендија и Шкупи кои се во улога на фаворити, избраниците на Горан Симов влегуваат во подредена улога, па според предвидувањата, двојно поголеми шанси им се даваат на гостите од Рига. Противникот е првопласиран во лигата со 18 победи, четири нерешени и само еден пораз.
Сепак „лавовите“ од Ѓорче сметаа дека е време, РФС Рига прв пат сезонава да ја почуствува горчината на поразот.
Дополнителен проблем е и лошата форма на македонскиот претставник. Ако се земе предвид дека на пет пријателски натпревари, четири пати претрпеа пораз, а само еднаш ремизираа.
Сепак, Ѓорчепетровци не се предаваат па денеска на стадионот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, ќе се обидат да дојдат до позитивен резултат со кој ќе патуваат на реваншот за седум дена.
Натпреварот е со почеток од 17.30 часот, а директен пренос ќе има и на МРТ3 (ЛИНК)