Машката сениорска одбојкарска репрезентација ги одбројува последните денови, пред продолжението на долгот, топло и исполнето со настани лето.
Откако настапија во Европската златна лига, македонските одбојкари добија заслужен одмор. Тој завршува во понеделник со прозивка на селекторот Јошко Миленковски за стартот на подготовките за Европскиот шампионат.
Македонија ќе биде ко-домашин на првенството, па затоа и „обврската“ што е можно подобро да се престави не само на домашната, македонска,. туку и на европската јавност.
како дел од долгите подготовки, македонските одбојкари ќе одиграат дури 11 контролни натпревари со пет репрезентации.
Форма ќе крева во трите натпревари против Романија, двата со Израел, дури четири со Јапонија, а по еднаш црвено-жолтите ќе спарингуваат со Грција и Египет.
Македонија третпат ќе игра на Европско првенство, но прв пред домашната публика. Натпреварите во „скопската“ група ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ од 30-ти август до 6-ти септември.