Фудбалерите на Струга Трим Љум имаа одлично деби во квалификациите за Лига на Шампионите.
На гостувањето во Литванија одиграа одлични 0:0 против домаќинот Жалгирис.
Избраниците на Дуро одлично ја исполнија својата мисија и останаа непоразени, па патникот во второто коло ќе се решава во реваншот.
Останува жал за не искористената шанса во финишот кога голема шанса пропушти Валентин Кочоски.
Реваншот се игра за една недела, во вторник, кога Струга ТЉ има голема шанса за историски успех.