Македонскиот првак екипата на Струга Трим Лум денеска од Литванија го започнува својот настап на европската сцена.
Со дуелот против Жалгирис што ќе се игра во Каунас, стружани ќе дебитираат во елитната Лига на шампионите, односно квалификациската рунда.
Натпреварот ќе започне од 18 часот, а љубителите на фудбалот ќе може да го гледаат низ директниот пренос на МРТ 3 или онлајн на следниот линк ОВДЕ