Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја заврши вчера започната работа, па денеска го потврди својот пласман во четвртфиналето на Вимблдон. Ѓоковиќ го доби Хуберт Хуркач со 3:1 во сетови и закажа меч со Русинот, Андреј Рубњев.
Откако мечот беше прекинат синоќа при водство на Србинот со 2:0 во сетови, и денешното продолжение донесе голема борба и многу возбудувања. Во третиот сет се играше израмето се до 12-тиот гем кога Хуркач успеа да направи брејк и со 7-5 за го добие сетот, за намалување на предноста на Ѓоковиќ на 1:2.
Но, немаше сили полскиот тенисер да направи комплетен пресврт во дуелот со најтрофејниот, па откако Ѓоковиќ направи брејк во седмиот гем, го доби четвртиот сет со 6-4, а мечот со конечни 3:1.
Во своето 14-то четврт-финале на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе се сретне со 7-носител Андреј Рубњев , за кој Ѓоковиќ во изјавата за очекувањата од тој дуел најави.
„Не случајно со години е во топ-10 тенисери во светот. Тој е поинаков играч од Хркач. Но, нема многу да говорам за тактиката, тоа ќе го задржам за себе. Само знам дека мора добро да се подготвам за да нема изненадување, а верувам тоа нема да се случи“, истакна Ѓоковиќ.
Според претходно утврдената програма, дуелот меѓу Ѓоковиќ и Рубљев ќе се игра утре, како и мечот меѓу Јан Синер и Роман Сафулин, по што ќе го дознаеме и првиот пар за полу-финалето.