Холандскиот Ф1 пилот Макс Верстапен од Ред Бул по петти пат во серија ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда во Велика Британија на патеката ,,Силвестоун,,.
Квалификациите беа навистина возбудливи бидејќи се до последната кривина не се знаеше кој ќе биде најбрз и кој ќе стартува утре од првото место на британското гран-при.
Сепак на крајот актуелниот шампион и лидер во шампионатот Верстапен се избори за нова пол-позиција негова 27-ма во кариерата.
Големо изненадување направи тимот на Мекларен кои ги завземаа второто и третото место во имињата на Норис и Пиастри. Домашниот возач Норис ја имаше пол-позицијата во рака, но Вестапен кој го возеше кругот позади него во последниот свиок успеа да го подобри времето на Норис и да стигне до првото место.
По првата тројка следуваат двајцата возачи на Ферари, Леклерк и Саинц, па возачите на Мерцедес, Расел и Луис Хамилтон па Албон, Алонсо и Гасли.
Трката за британското Гранд-при на програмата е утре со почеток од 16 часот.
Томислав Атанасовски