Машката репрезентација на Македонија за одбојкари до 17 години, пладневно ќе го одигра четвртиот натпревар на Балканското првенство чиј домаќин е Тирана.
По трите порази во рамките на А групата, со само еден освоен сет и девет загубени, избраниците на селекторот Ванче Санев, денеска ќе играат против врсниците од Црна Гора.
И Црногорците беа последни во Б групата со два порази и без освоен сет, па тоа можеби е шанса за црвено-жолтите да стигнат до првата победа.
Ова е дуел од разигрувањето за пласман од 5 до 7 место на првенството. Победникот утре против домаќинот Албанија ќе разигрува за петата позиција, а поразениот ќе го заврши шампионатот како седмо рангиран.
Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора чиј почеток е закажан во терминот од 15.30 часот, ќе можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ