Џејмс Харден повеќе нема да биде играч на Филадефија. Тој ќе ја прифати „опцијата за играч“ за следната сезона вредна 35,6 милиони долари, но во исто време поднесе барање за трејд. Односно за тие пари ќе игра во друг клуб.

Поранешниот МВП и тимот на Филаделфија работат на пронаоѓање нова средина, објави  „инсајдерот“ во НБА, Адријан Војнаровски.

Ова откако вчера истече рокот до кога кошаркарот требаше да се изјасни, а негова одлука е да го промени клубот.

Во трката за Харден се Лос Анџелес Клиперс и Њујорк Никс, но се чини популарниот „брада“ е поблиску до тимот од ЛА.

Харден во Филаделфија пристигна во 2022 година од Бруклин, кога потпиша двегодишен договор, додека се согласи на намалување на платата за околу 15 милиони долари.