Најбрзиот македонски спринтер, Андреас Трајковски го заврши својот настап во дисциплината на 100 метри, на  Европско првенство екипно тимски трета дивизија што се одржува во Полска. 

Андреас беше во втората група и од втората стартна позиција делницата од 100 метри ја истрча за  време од 10.81 што беше доволно за петта позиција.

Победник на трката беше Маркус Фукс од Австрија со време, 10.36 секунди.