Македонија вечерва на Олд Трафорд ја очекува тешко гостување кај Англија во квалификациите за ЕУРО 2024-та.

Англичаните ќе имаат огромна поддршка од трибините на легендарниот стадион на Манчестер Јунајтед, но нема да изостане и поддршката за македонските фудбалери.

Разбирливо Македонските се во далеку помала бројка oд домаќините, но според тоа како се ,,загреваат” за вечерашниот дуел сигурно дека и во таков број ќе се обидат и тие како и фудбалерите да им парираат на фаворизираниот Англичани.

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ