Во Мто ГП шампионатот викендов се вози седмата трка за ГН на Германија на патеката Заксенринг во Дрезден.

И уште на вториот слободен тренинг се случи морничава ситуација и голем инцидент кога шпанскиот мотоциклист Марк Маркез, освојувач на шест шампионски титули, се излизга по патеката, по што му направи во фудбалски жаргон „лизгачки старт“ на неговиот противник од Прамак Дукати Жоан Зарко, кој летна во воздухот.

Поради големата брзина при сударот на моторите, оној на Зарко буквално беше преполовен. Среќа и двајцата возачи поминаа без посериозни последици.

На вториот тренинг најбрзо време имаше Бецеки пред Мартин и Еспаргаро. Лидерот Бањаја беше со четвртто време.

Нé очекуваат интересни и возбудливи квалификации кои на програмата се денеска од 11.часот, а малку подоцна се вози и спринг трката од 15.часот

Трката е в недела од 15.10 часот.

Томислав Атанасовски