Кошаркарите на Барселона поведоа со (1:0) во победи против европскиот шампион Реал Мадрид во кошаркарското Ел Класико во финалната серија на Ендеса лигата на Шпанија.
Барселона славеше со (97:88) во многу тензична атмосфера и доста груба кошарка против Реал Мадрид во првиот натпревар од финалето на Шпанската лига.
Во текот на целото прво полувреме Барселона имаше минимална предност против Реал, кои пак во последните две минути од втората четвртина направија пресврт и на полувреме заминаа со позитива од (+3) коша (47:50).
Реал ја одржуваше минималната предност се до средината на третиот дел кога најпрво Барселона го израмни резултатот на (54:54), а потоа ја врати предноста која во минута од минута ја зголемуваше.
Во последните 10.минути Реал влезе со негатива од (-2), потоа израмни на (63:63) и тука застана.
Барселона ја искористи кризата во играта на европскиот шампион и со серија од (11-1) за првпат на натпреварот имаше двоцифрена разлика (74:64).
Реал во продолжение тргна со сите сили во достигнување на водството на Барселона, но стигна само до (-5) и мораше да капитулира во финишот на мечот за победа на Барселона и водство од (1-0) во финалната серија.
Кај победникот најдобри беа Лапровитола со 19, а Миротиќ и Санли дадоа по 14 коша. Кај Реал Мадрид Родригез постигна 16, а Таварез 15 коша.
Вториот меч се игра повторно во Блауграна во Барселона в недела од 18.30 часот.
Томислав Атанасовски