Кадетскиот репрезентативец Дамјан Георгиев е нов ракометар на Бутел Скопје. Младиот ракометар потпиша договор на три сезони со скопскиот тим.

Георгиевски кој игра на позицијата десното крило, а одлично се снаоѓа и на позицијата десен бек, доаѓа од тимот на Пролет, со кој настапи на завршниот турнир во Богданци за младинци.

Со својот настап Дамјан заслужено беше прогласен за најдобро десно крило и влезе во идеалниот тим на турнирот.

Георгиев е првиот нов ракометар во составот на Бутел Скопје и на новиот тренер Горан Кузманоски, кој досега ги продолжи соработките со средниот бек Ѓоргиевски, голманот Блажески и десниот бек Давитковски.