По едномесечна пауза, викендов во Италија на легендарната патека Муџело продолжуваат возбудувањата во Мото ГП шампионатот.
На програмата е шестата трка во првенството каде главниот збор за пол-позицијата ќе ја водат можеби главните конкуренти за шампионската титула оваа сезона, лидерот и актуелниот првак Италијанецот Бањаја од Дукати и неговиот сонародник Безеки од ВР46 тимот на Дукати.
Тие двајцата вчера имаа најдобри извозени кругови на слободниот тренинг, а Бањаја имаше минимална предност на крајот од тренингот по што можеме да кажеме дека не очекуваат интересни и неизвесни квалификации.
Веднаш зад Италијанците беа Алекс Ринс од тимот на Хонда и Бред Биндер од КТМ. Најдобрата и најбрзата петорка ја комплетираше Хорхе Мартин од Дукати.
За потсетување, минатата сезона победата ја однесе Бањаја пред Квартараро и Еспергаро.
Возачот со најмногу победи во историјата на оваа трка е Валентино Роси кој победил на седум трки, пред Хорхе Лоренцо кој има шест и Мик Дуан со пет победи.
Квалификациите започнуваат од 14 часот, трката на програмата е во недела.
Томислав Атанасовски