Легендата на Милан, Златан Ибрахимовиќ по истекот на оваа сезона ќе го напушти клубот, откако речиси цела сезона ја помина на трибините поради проблеми со повреди. Популарниот Ибра е далеку од посакуваната форма, па сосема очекувано нема да го продолжи договорот со Росонерите.
На вечерашниот натпревар, иако Ибрахомовиќ повторно не е во комбинација за настап поради повреда, сепак навивачите со кореографија посветена на шведскиот напаѓач во црвено-црни бои напишаа:GODbye, асоцирајќи на прекарот кој самиот Ибрахомовиќ си го додели.
Златан во два наврати беше дел од Милан а одигра вкупно 165 натпревари на кои постигна 93 погодоци. Два пати ја освои Серија А и еднаш суперкупот на Италија.
Иднината на Ибра се уште не е позната, а истиот веќе има повеќе понуди. Најпривлечна е онаа на Монца на Силвио Берлускони, па нема да биде изненадување доколку Ибрахимовиќ и следната сезона биде дел од Серија А.
Tears in everyone's eyes.
Zlatan is immense,
𝐀𝐋𝐖𝐀𝐈𝐙 ❤️🖤 pic.twitter.com/ZiCwzdWTZB
— Lega Serie A (@SerieA_EN) June 4, 2023