Ракометарките на норвешкиот тим Вајперс ја одбранија титулата европски првак откако во финалето во Будимпешта попладнево го совладаа унгарскиот тим Ференцварош со 28:24 (14:13). Воедно ова за Вајперс е трета шампионска титула во низа.
Норвешкиот тим добро го почна натпреварот и поведе со 5:1, а таа предност од четири голови разлика ја имаа до финишот на првиот дел, кога ракометарките на унгарскиот тим сепак се изборија на полувреме да биде 14:13. Почетокот на второто полувреме почна во знакот на Вајпрес, кои за осум минути игра направија серија од 7-1 и имаа водство од 21:14 што се покажа како клучно. Во 53.та минута Вајперс поведе и со + 8 (27:19). До крајот на финалето Ференцварош само го ублажи поразот.
Ана Вијахирева и Наес Андерсен од Вајпрес постигнаа по 6 голови, додека Емили Болк и Андреа Лекиќ кај Ференцварош постигна по 5 голови.
Клучот за победата беа одбраните на Катерине Лунде (ова е нејзина седма титула европски првак). Таа дуелот го заврши со 16 одбрани, додека на другата страна голманките на Фернецварош имаа 9 одбрани, но до 20-та минута нити една.
Во дуелот за третото место Ѓер го совлада Есбјерг со 28:27.