Женската одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево (17:30 часот) го игра вториот натпревар од А групата од Сребрената Европска Лига. Во Скопје гостува селекцијата на Летонија, која исто како и Македонија во првото коло претрпе пораз. За македонските одбојкарки ова секако е нов предизвик, особено што по подолга пауза повторно се врати на теренот.
Дуелот со Австрија беше првиот по паузата и тремата и притисокот можеби го направија своето. Сега е потребна и поддршката од трибините за добра игра на македонската селекција.
Натпреварот Македонија – Летонија се игра во СЦ „Борис Трајковски“ како дел од 2.коло, а во вториот дуел од групата играат Естонија и Австрија.