Машката одбојкарска репрезентација против Белгија во Скопје ќе го игра дуелот од 2.то коло од Европската Златна лига.
Нашиот тим во првото коло загуби на гости од Украина со 3:0, а дуелот со Белгија е секако шанса за да се запише првата победа. Противникот е квалитетен, а во првото коло ја совлада Хрватска со 3:1.
За избраниците на селекторот Јошко Миленковски ова ќе биде прв натпревар на домашен терен и секако можност да се почувствува атмосферата, особено што со новиот селектор оваа репрезентација има главна цел успешен настап на Европското првенство особено што една од четирите групи се игра во Скопје од 30.август.
Инаку, дуелот Македонија – Белгија почнува вечерва во 20:15 часот, а се игра во СЦ „Борис Трајковски“ како дел од двојната одбојкарска програма, односно по мечот на одбојкарките со Летонија.
Од Б групата попладнево се игра и дуелот Украина – Хрватска.
Влезот на двата натпревара е слободен.