Играчот на Рома, Лоренцо Пелегрини, одржа прес-конференција пред вечерашното финале од Лигата на Европа против Севиља.
Капитенот на Рома пред натпреварот истакна дека треба да сакаш да си на теренот со своите соиграчи.
„Ги анализиравме сите клубови и се обидовме да откриеме како да ги задржиме нивните сили. Успеавме затоа што сме во финалето. Да се жртвуваш и да направиш дополнителен спринт за својот соиграч не е да го „паркираш автобусот“ пред голот туку да сакаш да си на теренот со екипата. Разговаравме со Мурињо и она што си го кажавме не направи спремни за утрешното финале.“
Италијанскиот реперезентативец вели дека за тактички пристап кон противникот е да го ограничиш истиот.
„Многу се смееме кога некој ќе ни каже дека сме победиле со паркирање на автобусот пред нашиот гол. Знаејќи како да пристапиш на натпреварот тактички, не значи да напаѓаш како „луд“ и да им дозволиш на противниците да постигнат погодок. За мене, да пристапиш на натпревар со правилен тактички начин е да се обидеш да го ограничиш противникот.“
За својот тренер, Пелегрини сподели дека тој е посебен за него и екипата на Рома, но и дека ова финале е заслужено.
„Мурињо и европско финале? Знаеме деке е посебен, ни даде толку многу: но, дојдовме да играме во финалето и да се обидеме да победиме, минатото не те тера да го освоиш она со што ќе се соочиш во иднина. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите утре, она што е сигурно е дека Рома е тука во Будимпешта поради тоа што го заслужува тоа.“
Натпреварот Рома – Севиља ќе се одигра вечерва со почеток од 21:00 часот.