Белгија е вториот противник на машката одбојкарска репрезентација на Македонија во дебитантската сезона во Златната лига. Поразот од Украина е веќе зад избраниците на селекторот Миленковски кои сега целосно се фокусирани на денешниот противник.
Иако треба да бидат составен дел од подготовките за Европското првенство, сепак натпревари во Европската Златна лига за македонските одбојкари се и добра можност пред се да се зголеми самодовербата за главниот настан, смета капитенот Никола Ѓорѓиев.
„Прикажаното особено во првите два сета во дуелот со Украина ми влева надеж дека сме на вистинскиот пат.
Белгија не е Украина. Се работи за подмладен тим, меѓутоа, очекувам добар и интересен меч, а се надевам и победа. Против Украина игравме добро, но загубивме.
Некогаш е поубаво да одиграте послабо, но да победите. Посакувам тоа да биде слушај денеска“,
изјави капитенот Ѓорѓиев.
Но, ќе можат ли одбојкарите истовремено да одиграат убаво и да се радуваат на победа над Белгија останува да видиме по мечот што ќе се игра во терминот од 20 часот и 15 минути во СЦ „Борис Трајковски“, а ќе биде вториот од двојната денешна понуда.