Во недела се игра завршниот ,,фајнал-фор” турнир од женската кадетска конкуренција за девојки родени 2006 годиште. На турнирот покрај домаќинот, Делчево, се пласираа и екипите: Стружанка, Скопје и Ѓорче Петров.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала ,,Методи Митевски-Брицо”.

Во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Ѓорче Петров и Скопје со почеток од 11:00 часот. На претходниот меѓусебен натпревар Ѓорче се покажа како подобар и издвои минимална победа (25:24).Овој натпревар се очекува да биде полн со неизвесност до крајот.

Во другото полуфинале домаќинот Делчево игра против Стружанка екипа која минатата година ја освои шампионската титула во оваа конкуренција.

Двата тима ќе се натпреваруваат со сите свои сили и борбеност да изборат место во финалето, односно натпреварот за титулата кој исто така ќе се игра денеска од 19:30 часот. Претходно од 17:30 часот ќе се игра натпреварот за третото место, додека

КАДЕТСКА ЛИГА (ЖЕНСКИ)
НЕДЕЛА
11:00 СКОПЈЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
13:00 СТРУЖАНКА – ДЕЛЧЕВО
17:30 НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
19:30 НАТПРЕВАР ЗА ТИТУЛА

Ивона Кимовска