Екипата на МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1:0 против Пелистер во финалето од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
На првиот натпревар одигран во СЦ Јане Сандански, актуелниот шампион славеше победа над битолчан со 84-64 .
Првата четвртина, мина во израмнета игра за што говори и резултатот 18-18.
По пет минути игра во вториот период, МЗТ, поведе со двоцифрена предност 31-21. Имаа домаќините и најголеми +16 (39-23), за на одмор да заминат со предност со 12 поени (41-29).
И по третата делница која беше израмнета (20-20), аеродромци ја задржаа предноста од 12 поени (61-49). Во последниот период аеродромци ја одржуваа и зголемуваа предноста и на крајот славеа со 20 разлика
Најефикасен во победничката екипа беше Абу со 20, додека Крстевски постигна 16 поени. Кај поразените Стаиќ и Карпентер постигнаа по 16, а Маслинко беше стрелец на 15 поени.
И следниот втор натпревар ќе се игра во Скопје, веќе во среда.
Финалната серија се игра во три добиени натпревар.