Забавата за освоената шампионска титула на ракометарите на Еурофарм Пелистер што се одвива на плоштадот „Магнолија“ во Битола, полека но сигурно се загрева.
Меѓу нај распеаните на самиот почеток од забавата е најискусниот, крило Гоце Ојлески кој е со најдолг стаж во редовите на пелистерци, за кој ја одигра и последната сезона, па повеќе од јасно е дека токму Ојлески кој најдолго чекаше на титулата ќе биде „церемонијал мајсторот“ на вечерашната прослава.
Филип Василевски