Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, по подолг период повторно се враќа на европската сцена. Нашите одбојкарки ќе дебитира во Сребрена лига.
Тие ќе бидат дел од групата А, во која за противнички редоследно ќе ги имаат репрезентациите на Австрија, Летонија и Естонија.
По тој редослед, македонските одбојкарки ќе ги одиграат и првите три натпревари и тоа на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, почнувајќи од утре од 20 ч. и 15 минути за кога е закажан дуелот со Австријките.
И следните два натпревари закажани за 31 мај и 3 јуни против Летонија и Естонија, македонските одбојкарки ќе ги играат на домашен терен во Скопје.
Љубителите на одбојката кои ќе сакаат да ги следат настапите на двете македонски репрезентации ќе може да го сторат тоа слободно, бидејќи ОФМ реши влезот за сите натпревари да биде слободен.
Комплетниот распоред на натпреварите на македонската женска одбојкарска репрезентација може да ГО ВИДИТЕ ОВДЕ.