Екипата на Бостон не се предава во финалето на Источната конференција со Мајами и ја намали предноста на противникот на 3:2 во победи во серијата подобар до четири.
Ноќеска пред своите симпатизери Селтис славеа триумф со 110:97 со што се изборија за шести натпревар.
Напаѓачкиот квартет од домаќините, Џејсон Тејтум со 21 поен, 11 асистенции и 8 скокови, Џејлен Браун кој постигна 21 поен, Дерик Вајт кој беше нај ефикасен со 24 поени и Маркус Смарт кој заврши со еден помалку (23), покажаа класа, погодија 14 тројки од 25 обиди и навестија дека немаат намера да се откажат.
Тимот на Бостон се се обиде да направи нешто што ниту на еден тим во историјата на НБА лигата не му успеало, да се врати од негатива од 0:3 и да ја заврши победнички серијата.
За да дојдат до таква шанса Селтикс прво ќе мора да го добијат шестиот натпревар закажан за во недела наутро (02:30 часот) и тоа на теренот на Мајами, а потоа и „мајсторката“ што би се играла во Бостон на 30 мај.
Големото финале за титулата во НБА лигата започнува на 1 јуни, а таму Денвер го чека ривалот.