Леброн Џејмс и Ентони Дејвис се обидоа, на секој начин да  го спречат Никола Јокиќ во серијата финалиња на Западната конференција.

Ветераните и маестралните дефанзивци се трудеа колку што можеа, но, кога се ќе се собере и одземе, работата против српскиот центар не беше толку успешна, па Јокиќ го одведе Денвер во големото финале.

Сега стана јасно дека тренерот на Лејкерси, Дарвин Хам бил апсолутно во право кога изјави дека единствен начин да се сопре Јокиќ е да го киднапираат.

Хам не згреши во таа своја изјава, бидејќи Јокиќ, едноставно ноќеска ги полуде, и него, и Леброн , и Ентони, па и сите навивачи на Лејкерси, особено со двете тројки кои на „невозможен„ начин ги погоди Србинот.