Екипата на Вардар е шампион во женската младинска лига. Во финалето од завршниот ,,фајнал-фор” турнир што се одржа во спортската сала ,,Христо Батанџиев” Вардар успеа да оствари победа над, организаторот и домаќин на турнирот, тимот на Ѓорче Петров со резултат 32:29.
На стартот од првата половина двата тима дадоа по два гола. Вардар со серија од 3-0 поведе со 6:3. „црвено-црните“ го одржуваа минимално водство се до 15-тата минута кога Ѓорче израмни на 10:10. Останатите 15 минути се играше борбено и неизвесно, се додека домаќинот не успеа со серија од 2-0 да се одлепи и на полувреме замине со 16:14.
Второто полувреме домаќините одржуваа водство до 10-тата минута, но ,,вардарки“ не се откажаа и израмнија на 19:19.
Двете екипи играа мотивирано и се бореа за секоја топка. Вардар со серија 3-0 успеа да поведе на 23:20. Во продолжението Вардар ја одржуваше предноста и не дозволи Ѓорчепетровки да да им ја загрозат предноста па на крајот, заслужено Вардар забележа победа со 32:29 .
Ивона Кимовска