Во вториот полуфинален дуел меѓу Баер Леверкузен и Рома, екипата на Чаби Алонсо, ќе се обиде да ги врати минималните 1:0 кои ги загуби на „Олимпико“, а Рома и Мурињо ќе се обидат да стигнат до ново финале во Европските натпреварувања.

Првиот натпревар го „реши“ Едоардо Бове, кој го постигна единствениот погодок на натпреварот, по асистенцијата на Тами Абрахам, и ѝ донесе огромна победа на својата екипа.

Екипата на Рома од последните 15 натпревари против германски противници во Европските натпреварувања има само две победи, а на последните 5 нема ниту еден триумф.

Пласманот во Лигата на шампионите за Леверкузен е невозможен, бидејќи се на 7-та позиција во Бундес лигата, а минимални шанси има Рома во италијанската Серија А, така да „картата“ за Лигата на шампионите следната сезона е во рацете на вечерашниот дуел.

Дуелот меѓу „фармацевтите“ и „римската волчица“ ќе се одигра во „Беј“ арената во Леверкузен, вечерва, со почеток од 21:00 часот.