Двете македонски одбојкарски репрезентации, женската и машката се подготвуваат за претстојните натпревари во Европските лиги.

Дамите за прв пат по долга пауза ќе се појават на европската сцена, а ќе настапуваат во Сребрената лига.

Мажите кои веќе имаат континуитет во ова натпреварување, сега ќе дебитираат во посилната конкуренција Златната лига.

Гостувањето кај Украина на 27-ми овој месец ќе биде првиот предизвик за македонските одбојкари.

Во нашата група се и Белгија и Хрватска, што значи дека конкуренцијата е силна, а тоа им е потребно на црвено-жолтите пред Европското првенство во Скопје на крајот на летото. По воведниот дел во Маврово, националниот состав сега работи во Скопје.

Ова се впечатоците на еден од најискусните во македонската репрезентација Владо Милев.