Милан со пораз од Интер во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите го напушти „Сан Сиро”, а вечерва со нов дуел на истиот стадион ќе се обиде да се врати од два гола негатива. 

Сандро Тонали, пред дуелот со Интер, вели дека и покрај емоциите кои ги имаат, тој и соиграчите ќе дадат се од себе за да ја искористат можноста да играат полуфинале по 16 години, кога и го освоија ова натпреварување.

“Има многу емоции околу играта. Имаме голема можност. Не можеме да го промениме првиот натпревар, но сите можеме да работиме заедно во враќањето за да добиеме засилување. Знаеме колку значи овој натпревар. Секој кој утре ќе го носи дресот на Милан е свесен што треба да дадеме за да се чувствуваме горди на себе.“ – вели играчот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали.

Првиот патникот во Истанбул, каде што ќе се одржи овогодинешното финале, ќе го дознаеме по вториот полуфинален дуел меѓу Милан и Интер, кој ќе се одигра вечерва со почеток од 21:00 часот.