Екипите на Јехона и Пелистер се пласираа во финалето од женската Пионерска лига и вечерва ќе се борат за шампионскиот трофеј.
ЖРК Јехона ја победи екипата на Деспина со 22:15 во првото полуфинале.
Натпреварот стартуваше со израмнет резултат се до 8 минута која Јехона со серија 6-0 поведе со 9:3, предност што ја сочува до крајот на полувремето (10:4). Таквата предност се покажа како решавачка па младите ракометарки на Јехона славеа со конечен резултат 22:15.
Второто полуфинале го играа Ѓорче Петров и Пелистер 2012. Пелистер успеа да оствари победа со резултат 19:13 и да се пласира во финале. Речиси како и на првото полуфинале, така и на второто Пелистерки брзо поведоа со 6 гола разлика 8:2, за на одмор да заминат со 9:4, а во второто полувреме Пелистер ја одржуваше предноста и славеше со конечни 19:13.
Така во финалето ќе играат ЖРК Јехона и Пелистер, во дуелот закажан за вечерва од 19 часот, а натпреварот за трето место ќе се игра во 17 часот.
Ивона Кимовска