Пелистер ја доби првата полуфинална пресметка против ТФТ Моцарт во плеј-офт на кошаркарскиот шампионат. Пелистерци пред своите симпатизери го надиграа гостинот од Скопје со 100-80 и поведоа со 1:0 во победи.
Триумфот домаќините го најавија од самиот старт во кој поведоа со 12-0, а веќе на полувремето имаа и 19 поени предност (62-43). Иако во вториот дел гостите се обидоа да се вратата во игра, сепак најмногу што успеаја е да намалат на -6. Во продолжението Пелистер едноставно доминираше и на крајот заслужено славеше со 20 поени разлика 100-80.
Хаџифејзовиќ со дабл-дабл учинок со 32 поени и 12 скока беше лидер кај победникот, за кој Андреј Маслинко додаде 23 поени, додека единствена светла точка кај гостите беше ветеранот Костоски со 19 поени.
Следниот натпревар ќе с игра во Скопје, според најаите во четврток.