Кошаркарите на Мајами се првите кои обезбедија пласман во финалето на Источната конференција од НБА плеј-офот.

Популарните „Хитс“ пред своите симпатизери го добија шестиот натпревар против Њујорк со 96-92 и со 4:2 во победи ја завршија полуфиналната серија.

Џими Батлер со 24 поени, 8 скокови и 4 асистенции, заедно со Бам Адебајо кој заврши со 23 поени и 9 скокови го предводеа Мајами до оваа победа. Така 41 поен на Џејлен Бронсон кој имаше уште еден брилијантен настап останаа во сенка на поразот на „Никс“.

Мајами стана само вториот тим во историјата на НБА кој како 8-мо рангиран го стартувал во плеј-офот, а стигнал до конференциското финале. Пред нив тоа единствено му успеало токму на Њујорк во 1999 година.

Сега Мајами „Хит“ ќе го чекаат исходот од утрешната „мајсторка“ меѓу  Бостон и Филаделфија, за во среда на гостински терен да ја започнат финалната серија на истокот.