Резултат од 5:2 за Борусија Дортмунд против Мехенгладбах го донесе домашниот тим на еден бод разлика од вечниот ривал и моменталниот лидер на табелата Баерн Минхен.
Натпреварот рано го отвори Дониел Мален во 5-тата минута со одличен гол со глава.Потоа младиот Џуд Белингам лесно и сигурно реализираше пенал во 18-тата минута, а кратко по него и Себастијан Халер се запиша во листата на стрелци со прекрасниот погодок со пета.
„Милионерите“ не застанаа на 3:0 и со вториот гол на Халер во 32-та минута имаа водство од неверојатни 4-0 пред крајот на првото полувреме.
Американскиот репрезентативец, Џовани Рејна направи агресивен старт, со што главниот арбитар покажа кон удар од белата точка кој во 75-тата минута беше реализиран од Рами Бенсебаини. Ларс Штиндл со брилијантен погодок во 85-тата минута надвор од шеснаесетникот го ублажи резултатот за Менхенгладбах – 4:2. Крајниот погодок дојде од Џовани Рејна, кој надомести за прекршокот со последниот гол на натпреварот, со што ги постави конечните 5:2 за „Милионерите“.
Борусија Дортмунд со 67 освоени бодови се наоѓа на второто место, на само еден бод зад „баварците“, кои со Баерн со „шестка” триумфираше над Шалке се наоѓаат на врвот на Бундес лигата.
Стефан Костадинов