Екипата на Бостон „Селтикс” се избори за мајсторка откако ја победи Филаделфија со 95:86. На „крилата“ на Џејсон Тејтум кој беше очаен во првиот дел, но последната четвртина даде се од себе за триумф, Бостон се избори за 7-ми натпревар дома.

Натпреварот беше променлив. Бостон на почетокот имаше +12, а пак на крајот од првата делница замина со +7 (29:22). Во втората четвртина „Селтикс” имаа предност дури и од 16 поени. На полувреме Бостон ја задржа својата предност од +7 (50:43) Филаделфија заигра во третата четвртина каде после 10 поени предност, земаа залет Филаделфија и на крајот од четвртината заминаа со предност од 2 поени (73:71). Последната четвртина стапи на сцена Џејсон Тејтум кој постигна 16 од своите 19 поени ги постигна тогаш. Бостон брзо го презема водството, продолжи да го одржува за на кесјот да се радуваат на победа од 95:86.

Бостон беше предводен од Маркус Смарт со 22 поени и Џејсон Тејтум со 19 поени до победа. На Филаделфија не им беа доволни 26 поени и 10 скока на Џоел Ембид за победа.

Бостон избори мајсторка каде ќе има предност на домашен терен. Натпреварот се игра во понеделник со почеток од 1:30 часот.

Андреј Велјаноски