Лигата на Европа се приближува кон својата кулминација и финалето во Будимпешта.

Во пресрет е полуфиналниот дуел меѓу Рома и Баер Леверкузен, каде „римската волчица“ предводена од Жозе Мурињо, во првиот натпревар ќе ги пречека избраниците на Чаби Алонсо на својот „Олимпико“.

Имено, Мурињо вечерва ќе ги одмери силите против својот поранешен играч од Реал Мадрид, Чаби Алонсо, кој својата тренерска кариера ја започна во Леверкузен и во неговата прва сезона стигна до полуфиналето на Лига Европа. 

Екипата на Рома совладувајќи го Феенорд во продолжението на вториот натпревар (вкупно 4:2) се пласираше во полуфиналето, додека Баер Леверкузен со вкупен резулат од двата натпревари – 5:2, извојува победа над „аутсајдерот“ Ројал Унион СГ за борба во понатамошната фаза од ова натпреварување.

Натпреварот Рома – Баер Леверкузен ќе се одигра вечерва со почеток од 21:00 часот.