Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска направи подвиг и повторно преку квалификациите стигна до второто коло на фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања. Таа попладнево во мечот од првото коло по 2 часа и 40 минути ја победи српската тенисерка Дуња Мариќ со 2-1 во сетови (7:6 (9:7; 5:7 и 6:1). Утре во мечот од второто коло Стоилковска ќе игра против првата носителка Михаела Лаки од Грција.

Првиот сет против Мариќ нашата тенисерка го доби во тај брекот. Во вториот сет имаше многу пресврти. По 2:2 Мариќ поведе со 4:2, но Стоилковска направи серија од три гема за водство од 5:4. Сепак српската тенисерка беше поуспешна во следните три гема и го доби сетот со 7:5. Во решавачкиот сет по 1:1 во гемови Стоилковска освои пет гема во низа за 6:1 во третиот сет и 2-1 во мечот.

На машкиот дел од турнирот Горазд Србљак загуби во првото коло од Хуан Пабло Паз со 2-0 (6:1 и 6:2).

Калин Ивановски покрај победата во сингл на овој турнир на стартот триумфираше и во двојки заедно со Украинецот Олександр Овчаренко.