Во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, кошаркарките на Баскет Кам 2011 со победа против Бадел 1862 (62:53) поведоа со 2:0 во финалната серија за пехарот државен првак во женската сениорска конкуренција.
Далеку понеизвесен и израмнет натпревар одиграа финалистките на овогодинешниот плејоф во женската сениорска конкуренција. Домашниот состав подобро го започна натпреварот. Го имаа стартното водство се до втората половина на првата четвртина кога Бадел го презеде водството со што домашниот тренер Гоцевски беше принуден да побара минува одмор.
Баскет Кам набрзо ги консолидираше своите редови и до крајот на овој период ја вратија предноста на своја страна и првиот дел го завршија со позитива од +3, а на семафорот стоеше (13:10).
Израмнета кошарка се играше и во втората четвртина од вториот финален дуел, а ниту една од двете екипи не успеа посериозно да се одлепи резултатски. Во една таква игра сепак гостинскиот тим од Скопје до крајот на полувремето подобро се снајде и во завршната минута со мини пресврт стигна до минимално водство. По првите 20.минути Бадел имаше предност од (26:27).
Третиот дел започна со тројка на Баделки, и предност од +4, но во продолжение на оваа четвртина домашниот состав на Баскет Кам направи серија од (8:0) и текот на мечот го сврте во своја полза за водство од (44:38) на нешто повеќе од 2.минути до крајот, а потоа ја имаа најголемата предност од (49:40) по што се влезе во последната минута од третиот дел. Истата разлика ја задржаа до крајот и во последните 10 минути влегоа со солидна предност од (51:42). Оваа четвртина Баскет Кам ја доби убедливо со (25:15).
Во последната четвртина екипата која го брани шампионскиот пехар подобро ги започна последните 10 минути од дуелот. За пет минути игра постигна единаесет, а прими само четири поени (55:53) и натпреварот стана неисвесен. Но тука и застанаа Баделки, а домашниот тим на Баскет Кам умееше да ги касни сите нивни грешки, но и кондициски пад со што на нешто над две ипол минути до крајот направи предност од (60:53).
До крајот и ја задржа предноста, па така Баскет Кам победи со (62:53) за 2:0 во финалната серија со што сега ги дели само уште една победа од нивната втора шампионска титула.
Следниот трет меч од финалето се игра во Скопје на теренот на Бадел 1862, в сабота на 13-ти мај.
Tомислав Атанасовски