Две млади македонски фудбалски репрезентации попладнево ќе имаат свои настапи.
Репрезентација до 16 години е во Стара Пазова каде ќе настапи на меѓународниот контролен турнир „Миљан Миљаниќ”. Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Србија (домаќин), Црна Гора и Бугарија.
Во првото полуфинале, избраниците на селекторот Дашмир Беари ќе играат против Србија. Во втората полуфинална пресметка, силите ќе ги одмерат селекциите на Бугарија и Црна Гора.
Натпреварот против нашиот северен сосед ќе биде одигран на 9. мај, со почеток од 17.часот.
Две години помладата репрезентација на Македонија (У14), на теренот „Петар Милошевски“ крај Фудбалската федерација (ФФМ), напите таленти ќе ги одмерат силите со нивните врсници од Малта.
Овој натпревар започнува од 15 часот.
Двата натпревари можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ. 🔴▶